fbpx

Полн гас со огноотпорни поликарбонати

Електричните возила не само што превенираат во создавањето на локалните емисии, туку можат да бидат и забавни

Конструкцијата на погонската батерија кај тркачки автомобил е една од најважните компоненти за текот на трката. Во конструкцијата на батеријата се користат материјали кои не се лесно подложни на пожар.

Основана во 2012 година, E.Stall Esslingen учествува во разни меѓународни настани на Formula Student со електричен тркачки автомобил. Една од најголемите настани е натпреварот на Formula Student во Германија, кој се одржува секоја година на Хокенхајмринг. Од сезоната на трки во 2018 година, Covestro го поддржува тимот на E.Stall Esslingen со огноотпорни материјали.

Covestro е меѓу водечките снабдувачи во светот на премиум полимери. Во својата пилот фабрика во Леверкузен, производителот на пластика екструдира листови од PC+ABS Bayblend® мешавина, кои студентските тимови ги користат за производство на рамки и држачи за своите модули за батерии. Овие модули се базираат на литиум-јонски батерии во т.н. формат на торбичка.

Огноотпорни материјали за безбедни батерии

Во одделот за дизајн на батеријата, различните дисциплини на студентите на Универзитетот за применети науки Еслинген, се надополнуваат едни со други – од електротехника до електроника и машинство. Покрај тоа, Formula Student задава одредени барања за конструкцијата во своите правила и регулативи, меѓу другото во однос на безбедноста при ракување со литиум-јонските ќелии. На страна од активното набудување и контролата на батеријата, регулативата експлицитно бара употреба на материјали кои се отпорни на пламен во согласност со стандардите за отпорност на пламен на лабораториите на Underwriters согласно категоријата UL 94 V-0.

„Задоволни сме што Covestro повторно нè поддржува во сезоната 2019 со поликарбонатни мешани листови, кои можеме лесно да ги процесираме”, објаснува Рафаел Раф, кој во моментов е надлежен за високо-напонскиот подпроект во E.Stall Esslingen. Во споредба со претходната година, PC+ABS мешавината со околу 10 проценти помала густина и високи механички, електрични и термички својства беше избрана за тркачкиот тим заедно со експертите за производи од Covestro со цел да се отстрани уште повеќе од тежината на батеријата во тркачкиот автомобил.

поликарбонати

Производи за големи автомобилски серии

За масовно производство, конструкторите бараат материјали кои ги исполнуваат строгите барања на производителите на автомобили во работата на возилата, но кои исто така се лесни за обработка. Во споредба со полукристалните материјали, аморфната пластика, како што се поликарбонатите, има предност бидејќи тие се практично не се смалуваат (набираат) во процесот на обликување со инјектирање и имаат многу мала апсорпција на вода. Ова овозможува да се дизајнираат компоненти со тенки ѕидови, без нарушување. Поликарбонатите, исто така, можат многу добро да се обезбедат со заштита од пламен.

Covestro продолжува да го развива своето портфолио за примена на батерии. За држачите на ќелиите да држат цилиндрични батериски ќелии, рамки за торбички за ќелии, куќишта за батерии и слични примени, фокусот е ставен на празни и со минерали полнети Bayblend производи, кои се зајакнати со стаклени влака и се огноотпорни. Covestro исто така нуди термички проводен поликарбонат од фамилијата производи Makrolon TC кои можат да придонесат за термичко управување со батеријата.

поликарбонати

Поврзани вести

Back to top button