fbpx

И Ferrari развива SUV модел

Извршниот директор на Fiat Chrysler Automobiles, Серџо Маркионе откри што во иднина сака да направи со Ferrari

Шефот ова го изјави за агенцијата Bloomberg во Њујорк, каде што ја посети локалната берза.

Маркионе призна дека Ferrari веќе го развива првиот SUV модел во историјата, а крајно решение кога ќе следи негово лансирање на пазарот ќе биде донесено во наредните две години. Кросоверот ќе се појави во ограничено издание и ќе биде целосно во стилот на брендот.

Ferrari SUV– Гледаме многу сериозно на овој проект, но сè уште не сме целосно свесни дали неговата појава нема да доведе до нерамнотежа меѓу ексклузивноста и побарувачката на нашите автомобили. Сакаме да ја прошириме гамата на Ferrari, но тоа не треба да станува по секоја цена, коментира Маркионе.

Топ менаџерот додаде дека FCA не планира продажба на брендот Jeep. Слични пораки се појавија во последно време, тврдејки дека неколку кинески компании имаат интерес за SUV производителот.
– Во моментов Jeep е еден од највредните брендови на Fiat Chrysler Automobiles и продажбата му е апсолутно неоправдана, какетогоричен е Маркионе.

1. Ferrari | Ferrari SUV
2. Ferrari SUV | Ferrari SUV

 

 

Поврзани вести

Back to top button