fbpx

BMW со plug-in хибридна верзија на Серија 7

Баварската компанија наводно го планира својот прв M Performance модел со plug-in хибриден погон, кој ќе биде имплементиран кај Серија 7

Според извештаи на BMW Blog, баварската компанија го планира својот прв M Performance модел кој ќе биде опремен со plug-in хибриден погон. Автомобилот кој ќе го добие овој погон ќе доаѓа од Серијата 7 и најверојатно ќе биде наречен M750Le.

Наместо досегашните V8 или V12, BMW ќе го користи B58 3,0 литарскиот шестцилиндерски турбо мотор спарен со електрична единица. Овој мотор кај M40i моментално испорачува моќност од 382 коњски сили, а кај M750Le се очекува да достигне бројка од 400 коњски сили. Комбинираната моќност може да порасне до 550 коњски сили и 800 Nm вртежен момент.

BMW

Сепак, според истиот извор, оваа не е единствената plug-in хибридна верзија на Серија 7 на која производителот работи. Се разгледува и опцијата на 745LE PHEV, која би доаѓала со истиот електричен мотор како и M750Le, но со помалку моќна конвенционална единица, која би обезбедила моќност помеѓу 450 и 470 коњски сили.

BMW се обидува да ја засили својата „зелена“ постава, а хибридизирањето на Серија 7 е секако еден од начините да се стори тоа. Датумот за лансирање на M750Le сеуште не е познат.

Поврзани вести

Back to top button