Sofia Motor Show 2019
Од 12-ти до 20-ти октомври во Интер Експо Центарот, главниот град на Бугарија ќе биде домаќин на 24-тиот Саем за автомобили
За сите ентузијасти и љубители на автомобилите, кои немаа можност да го посетат овогодинешниот саем во Франкфурт, сега имаат прилика да се запознаат со голем број од новитетите на престојниот автомобилски саем кој ќе се одржи следниот месец во Софија, Бугарија. Половина од ваквите престижни настани во автомобилската индустрија се на Стариот континент и само три се во земјите на ЕУ. Sofia Motor Show 2019 ќе се одржи само еден месец по најголемата изложба од ваков вид – онаа во Франкфурт и исто така ќе биде последна за годинава во Европа, што го прави навистина важен настан за целиот регион.
Производителите на повеќе од 36 светски брендови ќе ги покажат своите автомобили на овој саем, а своето учевство го потврдија голем дел, меѓу кои се наоѓаат и Alfa Romeo, Audi, BMW, Honda, Jaguar, Kia, Ford, Mercedes-Benz, Skoda, Volvo, Subaru и многу други. За прв пат во историјата на Саемот во Софија, своето учество го потрврди и Rolls Royce.
Посетителите ќе имаат прилика покрај новите модели, да се запознаат и со новите технолошки достигнувања, меѓу кои секако се и новите алтернативни погони, како електрични, хибридни и plug-in хибридни системи.
Sofia Motor Show 2019 е во организација на Здружението на производители на автомобили и нивните претставници во Бугарија (AAP). Вратите за посетителите ќе бидат отворени од 12-ти до 20-ти октомври, а цените на билетите се движат од 10 до 12 лева. Повеќе информации на www.sofiamotorshow.bg и www.eventim.bg.