fbpx

Nvidia разви нов компјутер за автономни возила

Компанијата за процесори Nvidia создаде компјутер, кој ќе може да се користи кај автономните автомобили од петтата генерација, односно оние кои ќе се движат без човечка интервенција и нема да имаат управувач и педали

Компанијата за процесори Nvidia создаде компјутер, кој ќе може да се користи кај автономните автомобили од петтата генерација. Односно оние кои ќе се движат без човечка интервенција и нема да имаат управувач и педали.

Drive PX Pegasus

Nvidia

Компјутерот го доби името Drive PX Pegasus и користи два чипа Xavier кои се развој на компанијата. Drive PX Pegasus обработува информациите што ги добива од камерите, радарите, водичите и ултразвучни сензори, кои се дел од опремата на идниот автономен автомобил. Од Nvidia појаснија дека Drive PX Pegasus врши 320 трилиони операции во секунда. Што е над 10 пати повеќе од претходниот компјутер на компанијата развиена за автономни автомобили.
Во мај оваа година беше објавено дека Nvidia ќе работи заедно со Toyota за проектот на јапонската компанија за автономни автомобили. Па новиот компјутер ќе е важен дел од овој проект.

Поврзани вести

Back to top button