Токио 2019: Mitsubishi Motors со две светски премиери
Mitsubishi Motors ќе ги претстави концептните MI-Tech и K-Wagon, plug-in хибриден SUV и преглед на следната генерација „Kei car“
На 46-то издание на саемот за автомобили во Токио, јапонскиот производител ќе се претстави со два нови концептни модели. Станува збор за малиот SUV – MI- Tech и концептот на мини комбе K-Wagon.
Концептниот MI-Tech претставува мал електричен SUV модел, кој е базиран на идејата да овозможи задоволство при возењето на различни терени и временски услови. Погонскиот агрегат е изведен преку plug-in хибриден систем, со 4 електрични мотори за погон на сите тркала и еден мотор на гас, кој ќе претставува генератор.
Четирите електрични мотори се распоредени по два на секоја оска, со што се добива оптимално распоредување на вртежниот момент на сите четири тркала. На овој начин се зголемува сигурноста кај возачот при упраување со возилото, преку зголемување на прецизноста.
Концептниот SUV ќе содржи напредни системи за безбедност и помош при возењето, со што ќе овозможи движење на чисто електричен режим, додека пак како сериски хибрид ќе обезбеди перформанси карактеристични за електрично возило.
Покрај MI-Tech, светска премиера ќе добие уште еден концепт, K-Wagon. Студијата ќе претставува преглед на следната генерација на „kei car“, а се одликува со SUV-дизајн, пространа внатрешност – типична за овој сегмент и MI-Pilot технологијата за помош на возачот.