Тестовите на новата Toyota Supra под полна пареа
Еден од најчесто дискутираните прототипови на интернет просторот несомнено е спортскиот автомобил кој треба да стане наследник на Toyota Supra
Моделот Toyota Supra е во завршна фаза и се реализираат последните тестови.
Како што е познато тој ќе ја дели истата платформа со новиот родстер на BMW, но според еден од извршните директори на Германците, Марк Вернер, двата модела ќе нудат многу поинаков стајлинг и детали. Ова ќе биде последица и на фактот дека јапонскиот модел ќе биде само купе, а германскиот – само кабриолет.
Настрана од темата за разликите, Supra изгледа навистина подготвена. За тоа зборуваат најновите снимки со кои на „дело“ е фатен прототипот при неговите завршни тестирања. Од она што може да се заклучи е дека новината изгледа „потполно јапонски„?! Фаровите на автомобилот, предниот браник со отворите за воздух и решетка, тркалата, кои веќе имаат типично јапонски дизајн, специфичните запци на покривот, сите доаѓаат од FT-1 концептот. Целокупната Supra ги користи речиси сите елементи на дизајнот на екстремно убавиот FT-1, а разликите се многу мали. Сепак, остануваат непознаница моторот и неговите карактеристики?