fbpx

Потенки ѕидови за компонентите од возилата

Вообичаената дебелина од 3.0 mm може да се намали на помалку од 2.5 mm без штетни ефекти врз обработката, квалитетот или механичките својства

Со употреба на нов процес развиен од BASF и STR Automotive, рамните компоненти изработени од полиуретан со кратки влакна, сега можат да се направат уште потенки, а притоа да ја задржат својата стабилност и обработливост.

Со помош на процесот развиен од BASF и STR Automotive, рамните вградни делови за автомобилите сега можат да се произведат како уште потенки, со употреба на оптимизиран полиуретан засилен со кратки влакна (PU-RRIM). До сега, предните и задните браници кај сериите на мали автомобили обично се произведувале од материјал PU-RRIM со дебелина на ѕидот од 3.0 mm. Обидите да се намали тежината со намалување на дебелината на компонентата или со употреба на специјална комбинација на полнење со помала густина на материјалот, не успеаја како резултат на недоволните механички својства.

Задните браници полесни до 1.5 kg

Сега за прв пат, партнерите донесоа во сериско производство компоненти кај премиум возилата со намалена дебелина од 2.5 mm. Според BASF, намалувањето на материјалот нема никакви штетни ефекти врз обработката, квалитетот или механичките својства. Elastolit R 8819 Lightweight, високо модуларниот PU основен суровински материјал кој се користи за овој процес, има висока отпорност на температура, крутост и цврстина. Материјалот може да се комбинира со разни опции за полнење, како што се утврдените стандардни влакна, јаглеродни влакна или шупливите стаклени сфери.

Масата на првите сериски произведени компоненти со овој метод е веќе намалена за 600 g/m² површина. Според компанијата, овој пристап заштедува до 1.5 kg во задниот браник.

Поврзани вести

Back to top button