Маск со објаснување за „нескршливото“ стакло на Cybertruck
Грешки се случуваат, вели директорот на Tesla по неуспешниот тест за издржливост на прозорот
Илон Маск на премиерата на електричниот камионет Cybertruck на Tesla наиде на непријатна ситуација кога неговото тврдење дека возилото има нескршливо стакло беше демантирано од тестот кој беше изведен пред публиката. На големо изненадување на Маск, стаклото по фрлањето на металната топка на страничниот прозор едноставно се скрши, а повторениот тест со задното странично стакло дополнително го посрамоти откако и тоа се скрши по ударот.
Првиот човек на Tesla најде оправдување и преку Твитер ја откри причината зошто се случило тоа. Имено, при претходната демонстрација, која исто така беше изведена на премиерата – со удар на чекан во вратата – била скршена основата на предниот страничен прозор, што доведе до тоа стаклото да се скрши кога врз него беше фрлена челична топка.
Yup. Sledgehammer impact on door cracked base of glass, which is why steel ball didn’t bounce off. Should have done steel ball on window, *then* sledgehammer the door. Next time …
— Elon Musk (@elonmusk) November 25, 2019
Маск изјави дека редоследот на тестовите бил погрешен – најпрво требало да ја фрли топката на стаклото, а потоа да ја демонстрира цврстината на челичните врати со удар од чекан. Сепак, ова објаснување не дава одговор на прашањето зошто пукнало и задното стакло, кога тестот со чеканот не беше изведен на задните врати?
Иако Маск на Твитер не ја наведе причината за кршењето на задното стакло од камионетот, но се претпоставува дека таканареченото нескршливо стакло било вградено само на предните врати од изложеното возило и дека не ни било предвидено тестот со топката да се изведе и позади. Илон Маск тоа наводно не го знаел, па по неуспешната прва демонстрација сакал што е можно побрзо да ја поправи работата и побарал топката да биде фрлена и на задниот прозор кој, меѓутоа, исто така пукна пред публиката.
Така, тестот заврши со двоен неуспех и со две скршени стакла
Во намера да покаже дека стаклото навистина е нескршливо, Маск на Твитер објави снимка од пробната демонстрација изведена непосредно пред премиерата на Cybertruck, на кое се гледа дека прозорот сепак го издржува ударот.
Franz throws steel ball at Cybertruck window right before launch. Guess we have some improvements to make before production haha. pic.twitter.com/eB0o4tlPoz
— Elon Musk (@elonmusk) November 23, 2019