fbpx

Хамилтон царува во Остин

Возачот на Mercedes, Луис Хамилтон стигна до четвртата последователна победа на ГН на САД, на петаката во Остин и е се поблизу до освојување на шампионската круна

Неговиот најголем ривал, возачот на Ferrari, Себастијан Фетел, беше втор, пред својот клупски колега Кими Раиконен.

Еден од милениците на фановите на F1, возачот на Red Bull, Макс Верстапен, кој беше прогласен за пилот на денот, поради тоа што од 16-тата позиција на стартот заврши трет. Но не се искачи на подиумот поради казната од 5 секунди за неправилно претекнување на Кими Раиконен во последните свиоци од целната рамнина. Со бодовите на Хамилтон и Ботас, Mercedes AMG ја обезбеди шампионската титула во конкуренција на конструктори за 2017 година.
Луис Хамилтон
Стартот од трката донесе многу возбудувања. Луис Хамилтон стартуваше лошо и ја загуби првата позиција стекната во квалификациите. Веќе по првиот свиок од својот најголем ривал за титулата Себастијан Фетел. Но, возврати по неколку комплетирани круга со претекнување на Себастијан Ветел. Па едноставно до крајот возеше непречен од никого до својата деветта победа оваа сезона и петтата во шесте обиди на патеката во Остин. Со тоа ја потврди својата доминација на трките за ГН на САД.

На крајот од трката, по поголеми возбудувања во финишот Германецот заврши на второто место. Откако поради подобар сет гуми најнапред го мина Ботас, па потоа беше „пропуштен“ и од Раиконен. Себ сега има негатива од 66 поени, а остануваат уште три трки до крајот. Шансите да го престигне Хамилтон се навистина минимални, но…

Луис Хамилтон
Естебан Окон го издржа притисокот од Карлос Саинц во битката за шестото место. Додека Шпанецот ги забележа првите поени за својот нов тим, веќе во својата прва трка за Renault. Серхио Перез, кој беше фрустриран од својот тимски колега од Force India и стриктните тимски наредби, заврши на осмото место. Фелипе Маса беше на 9-тото место пред Данил Квјат кој го комплетираше пласманот на возачи кои на оваа трка освојуваат бодови.

Даниел Рикиардо, имаше лош ден со болидот на Red Bull, па мораше да ја заврши трката предвреме. Брендон Хартли заврши на 13-тото место на неговото деби во F1 за тимот на Тoro Rosso. Или 26 секунди зад тимскиот колега, Даниeл Квјат. Нико Хулкенберг не ја заврши трката поради проблеми со пумпата за гориво, а и Фернандо Алонсо повторно имаше пех со својот болид.

Луис Хамилтон

Поврзани вести

Back to top button