fbpx

Volkswagen се прости од легендарната Буба со краток анимиран филм

Во годината која измина светот остана без неколку модели на автомобили, меѓу кои е и едно возило кое зазема посебно место кај љубителите

Во среда на 10. јули од фабриката на Volkswagen во градот Пуебла во Мексико излезе последниот примерок на моделот Beetle – популарната „Буба“.

Последната произведена „Буба“ припаѓа на третата генерација на ова возило, а беше претставена во 2011. година. За неполни осум години направена беа околу половина милион единици, додека претходната генерација која се произведуваше меѓу 1998 и 2010 е продадена во 1,2 милиони примероци.

Модерните верзии на „Буба“ не беа ни премногу популарни, но ни ценовно достапни во споредба со оригиналниот модел кој за нешто повеќе од седум децении производство е направен во 21,5 милиони примероци.

И токму таа оригинална „Буба“ е првото нешто на што вљубениците во автомобилите ќе помислат кога ќе се спомене ова име.

Почетоците на „Буба“

Оригиналниот дизајн – заоблената форма со речиси вертикално ветробранско стакло и мотор со воздушно ладење монтиран одзади – осмислен е од Фернанд Порше, кој бил ангажиран да го реализира проектот на Адолф Хитлер да направи „народен автомобил“ по примерот на американскиот Ford Model T.

Имаше сличности со автомобилот Tatra T97, направен во Чехословачка во 1937. година, и со скиците на унгарскиот инженер Бела Барени објавени во 1934. година.

Буба

Масовното производство на „Буба“, која во тоа време го носи службениот назив „KdF-vagen“, откажано е поради Втората светска војна, а наместо тоа во големата нова фабрика источно од Хановер започнато е со производство на воени возила, користејќи ги присилно работниците од цела Европа кои работеле во мизерни услови.

Сепак, во 1949. година, Volkswagen повторно станува производител на цивилни автомобили под надзор на британските окупациски сили, а фабриката на VW е пренесена во сопственост на германската влада и покраината Долна Саксонија, која денеска делумно е сопственик на компанијата.

До 1955. година е произведена милионитата „Буба“ во Волфсбург, а најважниот странски пазар за овој модел стана САД, каде во 1968. година се продадени 563.522 примероци, односно 40 проенти од годишното производство. Производството во Волфсбург заврши во 1978. година со доаѓањето на новите модели како Golf.

Но, оригиналната „Буба“ не исчезна, бидејќи нејзиното производство во Мексико траеше од 1967 до 2003 година, што е подолг период од оној колку се произведуваше во Германија.

„Новата буба“, модернизирана верзија во ретро стил, направена е на платформата на Golf, а пристигна на пазарот во 1998. година под надзор на директорот на VW-A Фердинанд Пих, внук на Фердинанд Порше.

 

VW немаше да биде тоа што е, ако не беше „Буба“

Volkswagen пред самиот крај во 2019. година објави емотивен спот со кој дефинитивно се прости од својот најславен автомобил во историјата, на кого практично му ги должи своите денешни слава и успех.

Во анимираното видео го следиме човекот во чиј живот „Буба“ влегува уште во детството, за да биде со него во текот на најважните животни случувања. Заминувањето на еден модел истовремено означува и доаѓање на друг, модерен автомобил.

Со разделбата, на сега веќе остарениот господин, од возилото кое го одбележа неговиот живот, Volkswagen дава навестување на нешто што не очекува во иднина – електричен автомобил.

Поврзани вести

Back to top button