fbpx

Volkswagen започна разговори за спогодба за „Дизелгејт“

444.000 луѓе во постапката бараат обештетување од VW поради губење на вредноста на нивните автомобили

Volkswagen и германското потрошувачко здружение вчера соопштија дека започнале разговори за спогодба во постапката поврзана со скандалите околу лажирањето на резултатите на еко-тестовите на дизел моторите на VW.

VW пристапи кон обвинителната страна во судскиот спор кој е започнат во Германија со цел да се исплати обештетување од страна на производителот на автомобили кон сопствениците на дизел возила кои поседувале недозволен поништувачки уреди. Стотици илјади возачи се надеваат дека преговорите наскоро ќе завршат и ќе биде исплатено обештетувањето, откако сојузната организација за зашитат на потрошувачите прифати да започне разговори со Volkswagen.

„Заедничката цел на здружението за заштита на потрошувачите и VW е прагматично решение во интерес на купувачите“, стои во краткото соопштение.

Разговорите се штотуку започнати и не постои извесност дека договорот ќе биде постигнат. Објавата која во јавноста ја пласираа двете страни во спорот, дојде во текот на вчерашниот ден. Покрај тоа, спротиставените страни во разговорот се обврзаа на искажување најдобра волја работата да се реши во директен контакт и покрај тоа што се отвори процедура која ја карактеризира парничната постапка.

Треба да се потсети дека Volkswagen потроши голема сума на пари во САД со цел тамошните купувачи да добијат некаква сатисфакција, но затоа европските купувачи не добија ништо од производителот. Сепак, за очекување е притисокот врз Volkswagen само да порасне, особено што Германците прифатија да исплатат обештетување на австриската полиција.

444.000 луѓе во постапката бараат обештетување од VW поради губење на вредноста на нивните автомобили

Високиот окружен суд во Брауншвајг кон крајот на септември започна посериозно да се занимава со барањето за обештетување кој во името на 400 илјади купувачи, ја поднесе организацијата за заштита на потрошувачите. Доколку се дојде до судска постапка, што е возможно во овој момент, возачите на возила со некои од беџовите на VW групацијата (Porsche, Audi, VW, Seat, Škoda) ќе мораат да докажат дека претрпеле некаква штета, но тоа би се случило во една единствена процедура за сите нив, што е огромна олеснителна околност наспроти поединечното докажување.

Треба да се потсети и дека неодамна Високиот окружен суд во Минхен зазеде став дека сите тужби кои се поднесени по истекот на 2018. година, се неосновани поради застареност. Дали овој став ќе опстане, односно дали како таков ќе ја мине оценката за законитост од страна на повисоките судски инстанци, тешко е да се процени во овој момент.

Поврзани вести

Back to top button