fbpx

Alfa Romeo подготвува нов модел за својот 110 роденден

Во италијанската автомобилска компанија ова лето на 24 јуни ќе го откријат новиот модел со кој ќе го одбележат својот 110-ти роденден

Според последните информации, во Alfa Romeo се подготвуваат на 24 јуни во чест на одбележувањето на 110-тиот роденден на компанијата на публиката во Милано да го претстават новиот модел со кој наскоро ќе ја прошири својата актуелна понуда.

Се уште не е познато дали Alfa во јуни ќе го претстави долго најавуваното спортско купе 6C или новиот концептен кросовер од B сегментот базиран на платформа од групацијата PSA, која од неодамна е здружена со групацијата FCA, со која во догледно време би се проширила понудата на Alfa со SUV модели.

Понудата во моментов ја претставува моделот Stelvio, а на него е му се приклучи и компактниот модел Tonale, по неговата премиера на мартовскиот Саем за автомобили во Женева.

За жал на оние кои можат да си дозволат повеќе, а се љубители на славниот италијански бренд, од претходно најавуваниот наследник на суперспортскиот модел 8C Competizione на Alfa Romeo засега нема ништо.

 

Поврзани вести

Back to top button