fbpx

До 2030 два пати повеќе возила на патиштата во светот

Мобилноста во светот расте и тоа води до зголемување и на бројот на автомобилите, тврдат аналитичарите на Светската банка во својот годишен извештај

Според експертите, во следните 30 години бројот на возила ќе скокне скоро за два пати. Од сегашните 650 милиони на 1,2 милијарди.

Во извештајот се вели уште дека во 2030 година годишниот патнички проток ќе надмине 80 трилиони километри, што е за 50% повеќе од резултатот за 2015 година. Во 2020 година, повеќе од 60% од глобалниот сообраќај ќе биде од Азија-Пацифик, Блискиот Исток и Африканските региони. Мобилноста на населението ќе има позитивно влијание врз економијата. Но ќе доведе до загадување на животната средина и зголемување на смртните случаи на патот.

Мобилноста во светот расте!

Мобилноста во светот расте

Најбрз раст на моторизација се очекува во Кина. Лани на овој пазар биле пласирани 28,03 милиони нови автомобили. Што е близу до 1/3 од светскиот пазар, со 86 милиони автомобили годишно. Растот во Кина може да доведе до еколошки колапс, па така земјата постепено се свртува кон електрични автомобили. Истото го прават Норвешка, Велика Британија и Франција.

Според извештајот на експертите на Светска банка, напорите за развој на транспортот треба да бидат насочени посебно со ширење на патни мрежи. Во Африка околу 450 милиони лица не можат да добијат пристап до работа, образование или медицински услуги, токму поради недостатокот на транспорт, се вели во извештајот.

Поврзани вести

Back to top button