Викенд тарифа: Официјалниот трејлер за Fast and Furious 9
Минаа неколку години од последниот дел од серијалот Fast and Furious, познат како Fast 8, а сега пристигна новиот, деветти филм во франшизата
The Fate of the Furious, или попознат како Fast 8 беше последниот филм со Пол Вокер, актерот кој трагично загина во сообраќајна несреќа. Последниот филм беше исполнет со автомобилска акција, достоен на своите претходници. Но, три години подоцна, пристигнува Fast and Furious 9 и прашање е дали ќе ги оправда очекувањата.
Главниот протагонист Доминик сега е татко, а трејлерот започнува со „идилична атмосфера“ во неговиот дом. Но, од тој момент па натаму се станува фуриозно како што посочува и самиот наслов. Се испоставува дека Доминик има и помлад брат, со кој очигледно не се сакаат, но со оглед на тоа дека е Торето, афинитетите кон брзото возење се тука.
„Семејството“ Fast е веќе познато. Тука се Теџ, Роман, Лети, Мија, па дури и Токио дрифтерот Хан, кој на некој начин е вратен од мртвите и се појавува во препознатливата портокалова Toyota Supra. Тука е и Pontiac Fiero со ракетен погон, во буквална смисла на зборот, како и некои други интересни модели.
Премиерата на Fast and Furious 9, или F9: The Fast Saga e закажана за 22 мај.