Викенд тарифа: Модифициран Tesla Model 3 побрз од Ferrari F40
Електричниот Tesla Model 3 оствари подобро време од Ferrari F40 на јапонската тркачка патека Tsukuba, а малку недостасуваше зад себе да го остави и McLaren F1
Компанијата која во светот на автомобилизмот е позната по електричните возила, се повеќе го привлекува вниманието на љубителите на тркачките автомобили. Резултатот од тест возењето на Tesla Model 3 на популарната патека во Јапонија сугерира дека во американската компанија се сериозни кога станува збор за брзината.
Tesla Model 3 на патеката во јапонска Tsukuba го извозе најбрзиот круг со време од една минута, четири секунди и седум стотинки, а овој резултат е меѓу најбрзите кругови на патеката воопшто. Треба да се напомене дека не станува збор за сериско производство на Tesla, туку дело на компанијата Unplugged Performance која се занимава со модифицирање на автомобили.