Toyota го подготви својот мал кросовер за дебито во Женева
Toyota објави тизер и потврди дека се подготвува да го претстави својот мал кросовер базиран на Yaris на престојниот Саем за автомобили во Женева
B Сегментот во Европа е веќе преполн, но во Toyota се убедени дека има простор за уште еден кросовер на пазарот. Засега познат едноставно како B-SUV, новајлијата го „спојува високото искуство кое го пружа малиот автомобил со SUV наследство“, велат од Toyota, што претставува начин да се објасни дека Yaris доби соодветен третман со кој автомобилот е претворен во модел со зголемен клиренс, односно добива кросовер форма. На новиот тизер објавен од Toyota, може да се добие ограничен преглед во задниот дел од возилото.
Она што може да се забележи и што веројатно е најважно се ознаките на долниот десен агол од задната врата, кои откриваат дека малиот кросовер ќе биде достапен со погон на четири тркала и хибридна технологија. Синото лого на Toyota дополнително ја означува електрифицираната поставка, додека тенките куќишта на LED светлосната група се протегаат на задната врата.
Претходниот тизер кој го објави јапонската компанија беше во вид на профилен цртеж, навестувајќи речиси рамна линија на покривот. Ова сугерира дека новиот модел ќе биде попрактичен од C-HR. Новиот B-SUV ќе биде позициониран под C-HR во портфолиото на Toyota и ќе биде подолг, повисок и поширок од Yaris. Исто така, ќе има и подолго меѓуосовинско растојание и подесен систем на потпирање адаптиран за теренско возење, што секако ќе го издвои од конкуренцијата.
Toyota B-SUV ќе дебитира на 3 март
Поради тоа, на новиот B-SUV не треба да се гледа како на класичен Yaris кросовер, бидејќи освен посебниот дизајн, ќе се одликува и со посебен карактер. Сепак, двата модели ќе ја делат TNGA-B платформата и 1,5-литарскиот бензински мотор со хибриден систем.
B-SUV својата премиера пред светската јавност ќе ја доживее на 3 март на Саемот за автомобили во Женева, каде Toyota на својот штанд ќе ја претстави и втората генерација на Mirai, RAV4 Plug-in Hybrid и GR Yaris. Во Женева ќе пристигне и неодамна претставената Supra 2.0.