fbpx

Jaguar Land Rover го претстави автономното возило Vector

Компанијата Jaguar Land Rover го претстави своето решение на урбаната мобилност преку своето беспилотно возило Project Vector

Vector е првото возило во историјата кое на себе истовремено поседува ознаки на две марки: Jaguar и Land Rover. Британската фирма негува долга традиција на работа на беспилотни возила, но тие до неодамна се чинеа како далечна иднина. Сега Британците ја прикажаа креацијата произлезена како резултат на развојот на мисијата Project Vector. Во кратката вест се наведува дека станува збор за автономно и електрично возило, направено на таканаречена скејтборд платформа за електрични возила. Тоа значи дека на истата платформа можеме да имаме приватно возило, урбан минибус за систем на делење или доставно возило.

Електричното возило е креирано во соработка со Националниот центар за автомобилска иновација (NAIC – National Automotive Innovation Center) кој всушност е одделение при Универзитетот од Варвик. Развојниот тим на инженери го предводеше Тим Левертон, кој своевремено ја извршуваше функцијата на главен инженер во концернот Tata Motors, а кој инаку го контролира британски ентитет. Покрај тоа, тој работел и на проектите JCB Dieselmax, како и на последната генерација седан на Rolls-Royce Phantom, настанат под патронатот на BMW.

Со оглед на тоа дека е наменето за градско возење, Vector во должина се простира на нешто повеќе од четири метри и поседува електричен погонски склоп составен од електромотор, тракциона батерија и останати компоненти од електричниот систем кои се спакувани под подот на патничката кабина.

Без оглед на тоа што станува збор за автономно возило, Jaguar Land Rover Project Vector и понатаму поседува управувач, а се истакнуваат и клизната странична врата и пространата и флексибилна внатрешност со бројни можности за конфигурација на седиштата. Почетокот на уличните тестирања е закажан за крајот на следната година во англиски Ковентри. Како што ќе се наближува датумот на излегување на јавните патишта, така и информациите за интересниот прототип ќе бидат достапни до јавноста.

Поврзани вести

Back to top button