Викенд тарифа: Ferrari F40 во пламен на улиците во Монако
Ferrari F40 е еден од најславните модели на компанијата од Маранело и претставува автомобил кој ги одбележа крајот на 80-тите и почетокот на 90-те години
Ferrari F40 и ден денес заслужува почит, меѓутоа за жал сега има еден помалку. Поради засега непозната причина, пожар изгоре еден од овие легендарни модели на Ferrari во Монако. Лесно може да се претпостави дека оганот започнал од просторот за моторот. Судејќи по успешноста за обидот за гаснење на пожарот, речиси сигурно од овој F40 не остана многу.
Очајниот обид на еден локален станар со своето градинарско црево да го изгаси пожарот би било дури и смешно да не стануваше збор за автомобилско уметничко дело и легенда со која Ferrari влезе во 90-тите. Добра вест е на крајот што нема повредени во оваа несреќа.