fbpx

Mazda нема да лансира нов модел во следните две години

Mazda најави дека заклучно со март 2022 година не планира да лансира ниту едно ново возило, но по „апстиненцијата“ се очекуваат големи работи

Судејќи според извештајот на Nikkei Asian Review, Mazda не планира некоја поголема премиера до март 2022 година. Актуелната гама на возила, вклучително новиот CX-30, нема да мине низ позначителни освежувања или рестилизации. Компанијата продолжува со активниот развој на новата архитектура за нови возила, како и нов погон, кој ќе дебитира пред март 2023 година.

Плановите на Mazda, поврзани со споменатата архитектура, се појавија во март 2019 година во извештајот на инвеститорите, каде се најдоа голем број детали, информации за новите шестцилиндрични бензинец и дизел мотор, благиот хибриден систем, платформа за електрични модели и така натаму. Новата архитектура и шестцилиндричните мотори би можеле да ја приближат Mazda чекор поблиску до премиум сегментот, обезбедувајќи му на јапонскиот производител да застане рамо до рамо со Mercedes, BMW и Lexus. Тоа ќе биде голем чекор за компанијата, што неминовно ќе однесе големи средства во рамките на секторот за развој и истражување во следните неколку години.

Mazda се насочува кон нови производи и технологии

Mazda се надева дека новите технологии и решенија би можеле да ги привлечат купувачите од конкуренцијата поради отсуство на нови производи и нов стајлинг. Една можност подразбира подобра поддршка за дизел моторите. Mazda во понудата има twin-turbo SkyActiv-D 2,2-литарски мотор, а шпекулациите тврдат дека нов агрегат е во развој, кој на сцената би можел да стапи оваа година.

Во извештајот од март 2019 година, исто така стои дека јапонскиот производител ќе лансира голем број нови производи и технологии меѓу 2020 и 2025, што се спротиставува со извештајот на Nikkei Asisan Review. Една од шпекулациите кои циркулираат се однесуваат на враќањето на ротациониот мотор на Mazda. Компанијата дури и го потврди тоа, но улогата на Wankel не би била поврзана со погонот туку за продолжување на автономијата, иако е изразена желбата за евентуален спортски модел со ротационен мотор.

Иако Mazda не планира некоја позначајна премиера во следните две години, појавување на нови погонски системи е сосема возможно, а можеби во понудата ќе се најде и новата архитектура во дадениот период.

Поврзани вести

Back to top button