Женева 2020: Позната конечната листа на сите учесници на Саемот
Интернационалниот Саем за автомобили во Женева стартува на 5 и ќе трае до 15 март, додека денот за новинарите е во понеделник на 3 март
Во времиња кога автомобилските производители се соочуваат со кратење на трошоците, спојувања и нови комуникациски стратегии, автомобилските саеми се приморани да ги прегледуваат своите формули и начини на функционирање и да се соочуват со нови важни отсуства. Автомобилските производители се повеќе одлучуваат да ги избегнуваат Саемите и да прават самостојни премиери и презентации поради големите трошоци кои со себе ги носат големите настани, како овој во Женева.
Очекувано, со овие проблеми се соочува и Саемот на автомобили во Женева кој се подготвува да ги отвори своите врати на 3 март, кога новинарите ќе имаат можност пред сите да ги видат сите новитети и премиери, а некои од најголемите имиња во автомобилската индустрија ќе отсуствуваат од овој настан како што се Ford, Lamborghini, Jaguar Land Rover, Mini, Opel, Citroen, Peugeot, Mitsubishi, Nissan, Subaru, Tesla и Volvo.
Сепак, на Саемот ќе бидат присутни 20 нови излагачи, како и вообичаеното традиционално присуство на некои брендови, што ќе гарантира околу 100 прегледи, меѓу кои и светски или европски дебија на некои модели. Во продолжение следува ажурираниот список на сите компании и брендови кои го потврдија своето учество на 90-тото издание на реномираниот швајцарски автомобилски саем.
Тоа се: Abarth, Alfa Romeo, Alpine, Aiways, Apex, Aspark, Aston Martin Lagonda, Audi и Audi Sport, Automobili Pininfarina, BAC, Bentley, BMW, Brabus, Brabus Automotive, Bugatti, Changan Automobile, Cupra, Czinger, Dacia, DS Automobiles, E.Go, Eadon Green, Engler, FCA, Ferrari, GFG-Style, Gumpert, Hispano-Suiza, Hofele, Honda, Hyundai, Isuzu, Italdesign, Jeep, Karma Automotive, Kia, Klassen, Koenigsegg, Kyburz, Lexus, Manifattura Automobili Torino, Mansory, Mazda, McLaren, Mercedes-Benz, Microlino, Morgan, Pagani, Pal-V, Pininfarina, Polestar, Porsche, Puritalia Automobili, Ramsmobile, Renault, Rimac, Rinspeed, Ruf, Rolls-Royce, Sbarro, Seat, Skoda, Silence Urban Ecomobility, Sin Cars, Startech, Suzuki, Toyota, Vega, Volkswagen, Zenvo.