fbpx

Bvlgari, Armani и Kartell го „облекоа“ новиот Fiat 500e

Fiat ја претстави новата, електрична верзија на својот култен модел наречен 500е, a сега овој автомобил доби и уникатен дизајн

Производството на новиот Fiat 500e се враќа во своето родно место во Торино, Италија, каде првиот модел беше направен пред 63 години. Со цел да се прослави лансирањето на новиот модел, три други познати италијански компании – Giorgio Armani, Bvlgari и Kartell – дизајнираа уникатни верзии на возилото.

Многумина се воодушевени што Италијанците уште еднаш успеаја да направат убав и безвременски автомобил. Влегувањето во ерата на електричните автомобили не украде ниту еден детал од шармот на популарното „фиќо“. Fiat е очигледно свесен за тоа бидејќи за премиерата подготви три уникатни верзии на 500е, настанати со некои од најголемите модни куќи на Апенините. Тука фокусот е ставен исклучиво на интересниот дизајн. Секој од првите 500е серии е единствен и ќе се направи во само еден примерок.

Fiat 500e Kartell

Fiat 500e Giorgio Armani

Fiat 500e Bvlgari

Инаку, кога станува збор за техничките спецификации, новиот Fiat 500e се напојува од електромотор кој развива 118 КС, благодарение на кои од нула до „стотка“ стигнува за девет секунди, додека максималната брзина е 150 километри на час. Од Торино соопштуваат дека според WLTP стандардите, батеријата има капацитет 42 kWh што е доволно да се минат 320 километри со едно полнење. За полнење на батерија преку обичен домашен приклучок потребни се 14 часа, а со полнење преку 85-киловатниот полнач целата процедура трае далеку пократко, па така за 80 проценти од капацитетот се потребни 35 минути.

Поврзани вести

Back to top button