fbpx

Редок примерок на Citroen DS21 Concorde на продажба за 189.500 долари

Специјалниот Citroen DS21 Concorde изработен во купе верзија од страна на Анри Шапрон, сега може да се купи на аукција за 189.500 долари

Во годините откако Citroen го претстави DS21 на Меѓународниот Салон за автомобили во Париз, Анри Шапрон бил толку вљубен во тоа што го видел што веднаш купил еден модел директно од фабриката и го претворил во кабриолет. Во Citroen биле импресионирани од неговиот преработен DS21 и наскоро започнале да продаваат и да го снабдуваат Шапрон со DS модели кои можеле да бидат преработени во ограничена серија на модели за индивидуални клиенти. Така е настанат и овој примерок на Citroen DS21 Concorde изработен од Шапрон во 1965 година.

Станува збор за исклучително редок модел на автомобил, а направен е за францускиот архитект Жан Лавал. Лавал својот примерок го нарачал во Midnight Blue/Shell Gray бои на екстериерот, кожни седишта, електрични стакла, Radiomatic FM радио, Hirschmann антена, Marchal светла за магла, Robergel жични тркала и опционален Jaeger инструментален кластер.

Возилото кое е на продажба е еден од само 35 вакви Citroen DS21 Concorde модели направени од Шапрон, кој го напуштил објектот на познатиот производител на каросерии на 10 декември 1965 година, околу два месеци по пристигнувањето за својата преработка. Преработката го чинела архитектот еквивалент на 8.000 долари, што е околу 65.500 долари во денешни пари. Во краткото соопштение не е откриено кога автомобилот пристигнал во САД, но се претпоставува дека најголемиот дел од својот животен век го минал во Франција.

Поврзани вести

Back to top button