fbpx

Најмалиот електричен модел на Volkswagen е во подготвкa

Најмалиот член на семејството ID на Volkswagen е веќе во подготовка и се очекува да пристигне наскоро на пазарите ширум светот

Кон крајот на минатата година Volkswagen групацијата вети дека ќе лансира 75 електрични возила и 60 хибриди до 2029 година. Секако, во тој број ќе бидат вклучени електрифицираните модели на сите брендови кои се под закрилата на групацијата. Таа објава пристигна со лансирањето на серискиот Volkswagen ID.3, првенецот на германскиот производител во електричниот сегмент.

Наскоро се очекува пристигнувањето и на вториот целосно електричен модел, а тоа е кросоверот ID.4, кој ќе се најде на американскиот пазар. Во VW остануваат одлучни за својата визија и ветување, кога станува збор за електрифицираните модели. Имено, најмалиот член на Volkswagen ID семејството, моделот ID.1, предвиден за мобилност во градските средини, веќе е во подготовка.

Покрај основниот модел, Volkswagen планира и ID.1 Crozz и e-Roomzz варијанти. Секако, новиот модел ќе биде поставен на MEB архитектурата, исто како и моделите ID.3 и ID.4. Според неофицијалните информации, во понудата ќе се најдат и две батериски опции. Едната најверојатно ќе вклучува единица од 24 kWh, а втората од 36 kWh. Поголемиот пакет би требало да овозможи автономија на движење од 300 километри со едно полнење.

Поврзани вести

Back to top button