Gumpert го претстави самополначкиот суперавтомобил RG Nathalie
Некогашниот директор на Audi Motorsport, Роналд Гамперт во 2018 година го претстави револуционерниот суперавтомобил Nathalie
Gumpert Aiways компанијата го доведе моделот RG Nathalie во продукциска фаза и оваа верзија се чини дека е уште подобра. Nathalie претставува комбинација ја чиста енергија на електричните возила и практичност на горивните ќелии. Перформансите на овој автомобил во 2018 година беа импресивни, но сега продукциската верзија е уште подобра. Најголем адут на ова возило е неговиот неконвенционален 2Way систем на енергија. Погонот го сочинуваат четири мотори, по еден на секое тркало, а ги напојува батерија сместена во подот на автомобилот. Меѓутоа, за полнењето се грижи еден вид хибриден систем кој користи горивни ќелии на метанол, кој е сместен под предниот поклопец.
Благодарение на хемиската реакција во горивните ќелии, батериите се полнат со јаглерод диоксид и занемарлив процент на азотен оксид како нуспроизвод. Постапката на полнење се врши дури и кога автомобилот работи во место, а значително повеќе кога забрзува или кочи. Благодарение на овој процес, Gumpert Nathalie во целост самостојно се полни, а со тоа е елиминирано долгото полнење на актуелните електрични автомобили. Полнењето на резарвоарот за метанол трае само три минути.
RG Nathalie има импресивна автономија од 821 километар при просечна брзина од 121 километар на час, односно дури 1.199 километри во Eco режимот. Моторите на овој суперавтомобил испорачуваат 536 КС и 989 Nm вртежен момент. Од нула до стотка забрзува за само 2,5 секунди, додека максималната брзина изнесува 306 километри на час.
Продукциската верзија на RG Nathalie е ограничена на само 500 примероци, а очекуваната цена изнесува 407.000 евра без данок.