Зошто треба да ги замените летните со зимски пневматици?!
Со користење на зимски пневматици значително ја зголемувате Вашата сигурност, ги намалувате ризиците и ја зголемувате стабилноста на Вашето возило во зимски услови на возење.
Исклучително високите температури за овој период од годината се веќе зад нас. Почна сезоната на врнежи, на пониски температури и влажни коловози особено во раните утрински часови. Иако законската обврска за зимски гуми, и носење зимска опрема почнува на 15-ти Ноември и трае до 15-ти март секоја година, временските услови наметнуваат потреба летните гуми што побрзо да се заменат со зимски.
Покрај временскиот интервал определен со законот, за пневматиците зимата започнува во моментот кога температурата ќе падне под 7 Целзиусови степени. Во овие климатските услови потребно е користење на посебно дизајнирани пневматици за таа намена. Гумата е единствениот контакт со патот. Од нејзиниот избор според периодот од годината, од нејзиниот квалитет и исправност зависи и безбедноста на патот. kupiguma.mk
Неколку конкретни причини зошто летните гуми треба да бидат заменети со зимски:
– Материјалот од кој што се изработени зимските пневматици има додатно силика која ја зголемува неговата еластичност на температури под 7 степени, а воедно и ја подобрува ефикасноста во управување на возилото;
– Зимските пневматици имаат подлабок дезен и пет пати повеќе ламели кои се однесуваат како илјада мали канџи кои се држат за патот;
– Поради својот карактеристичен дезен, зимските пневматици полесно ја исфрлаат водата и овозможуваат оптимално лежење на патот во зимски услови на возење;
– Поголема допирна површина на пневматикот која во текот на возењето создава вакум и не дозволува пролизгување на пневматикот, што е особено важно во услови на влажен пат и при ниски температури;
– Илустративно, разликите при користење на летни и зимски пневматици во зимски услови на возење се следниве:
– Патот на кочење при брзина од 50 км/ч со летни пневматици на температури под 7 степени е долг 57 м.
– Патот на кочење при брзина од 50 км/ч со зимски пневматици на температури под 7 степени е долг 42 м.
– Патот на кочење при брзина од 50 км/ч со летни пневматици на влажен пат е долг 44 м.
– Патот на кочење при брзина од 50 км/ч со зимски пневматици на влажен пат е долг 36 м.
Ако се решите да ги промените летните гуми, и Вашиот автомобил да го опремите со зимски гуми, препорачливо е тоа да го направите кај увозник на реномирани брендови, кои даваат и гаранција за квалитетот kupiguma.mk. Важно е да добиете и професионален совет при изборот на пневматиците, за да гумите бидат соодветни не само за Вашето возило, туку и за начинот на возење.
зимски пневматици
Во компанијата Транзит дооел, чија главна дејност е увоз и продажба на пневматици веќе повеќе од 24 години, не само што може да се купат квалитетни гуми од реномирани производители — по одлични цени, туку овде може да се добие и бесплатна промена на гумите, бесплатна проверка, како и можност летните гуми да Ви бидат чувани за следната сезона.
За крај, не заборавајте гумите често да ги проверувате, со цел да се види нивната исправност, притисок, центрираност и нагазен слој.
Повеќе инфо на https://www.facebook.com/tranzitdooel/