BMW со цела палета новитети на тјунинг саемот SEMA
Баварскиот производител BMW подготви цел куп спортски автомобили, кои ќе бидат претставени на тјунинг саемот SEMA во Лас Вегас
Централна позиција на штандот на марката ќе ја заземе новината M5 со дополнителниот пакет M Performance, кој додава доста визуелни и механички подобрувања во спортскиот седан. Моќта не е зголемена, но постојат нови сопирачки и променета за оваа цел суспензија, како и сеопфатен аеродинамичен пакет. Компанија ќе направи и посебен M3 за локалниот пазар, кој ќе биде произведен во само еден примерок. Тој ја одбележува 30-годишнината на М3 во САД, а ентериерот ќе биде решен во боите на американското знаме.
До нив ќе се нареди и хибридниот предводник 740е, кој исто така има добиено бројни подобрувања од BMW M Performance. Освен со сеопфатен аеродинамичен пакет, моделот може да се пофали и со уникатна надворешна боја која е во контраст на комбинацијата со светло црвениот кожен ентериер.
Последниот важен експонат за брендот во Лас Вегас е 440i Gran Coupe, кој доби истовремено доработка од портфолиото на M Performance и Individual. Резултатот е спортски автомобил со бројни карбонски детали однадвор и употреба на кожа за ентериерот.