fbpx

Мистериозен концепт на Ford Mustang од 1966 година

Се појавија фотографии од мистериозен концепт на Mustang од 1966 година, а во Ford не знаат за што станува збор и бараат помош од автомобилските ентузијасти

Ford во 1966 година ја разгледувал опцијата за Mustang со централно поставена погонска единица. Ford Performance на својот официјален сајт објави четири фотографии од овој концепт, но без дополнителна приказна со која ќе се расветли потеклото и судбината на ова возило.

Chevrolet минатата година по прв пат по речиси седум децении, лансираше модел Corvette со централно поставен мотор, со што целосно ја промени концепцијата на овој легендарен автомобил. Иако во далечните шеесети години на минатиот век се експериментирало со автомобили со мотор сместен зад седиштето на возачот, на овој американски производител му требале 66 години за да се одлучи за таква конфигурација во продукцискиот модел на Corvette.

Ford Mustang

Судејќи според пронајдените и објавени фотографии, американскиот гигант Ford во истиот период, поточно во 1966 година, ја разгледувал опцијата за производство на Mustang со централно поставен мотор.

Причината поради која Ford Performance не објави дополнителни детали е еднставна – ниту тие немаат информации за автомбилот, освен она што може да се заклучи на основа на тие фотографии, а тоа е дека мосторот наместо напред, како кај сите Mustang модели, сместен е зад седиштето на возачот и совозачот.

Ford Mustang

Покрај тоа, познато е само дека фотографиите настанале во дизајнерското студио во Дирборн, на 2 мај 1966 година. Тоа е и причината поради која Ford се обрати до сите вљубеници во Mustang и добри познавачи на тој модел во обид да ја открие целосната приказна за интригантниот концепт. Така, сите оние кои мислат дека знаат повеќе детали за автомобилот, Ford ги повика да ги контактираат, а компанијата подготви и „специјална награда“ доколку информациите им помогнат да ги пополнат празнините.

Поврзани вести

Back to top button