Редок примерок на Lamborghini Gallardo LP 570-4 Squadra Corse
Кога оваа специјална и лимитирана серија на Lamborghini Gallardo се појави во понудата на италијанската компанија, купувачите „полудеа“ по овој модел
Lamborghini во 2014 година произведе само 50 модели од овој редок примерок на Gallardo LP 570-4 Squadra Corse, од кои за пазарот во САД беа наменети 15 возила и сите 15 возила беа во специјална Giallo Midas жолта боја. Но, овој автомобил не беше посебен само поради својата специјална жолта боја, туку претставуваше и последниот Gallardo кој имаше дозвола да се вози по улиците, наречен Gallardo LP 570-4 Super Trofeo. Еден ваков модел е за продажба преку Mecum Auctions која стартува на 23 јуни.
Овој Lamborghini Gallardo се напојува со 5,2-литарски V10 мотор кој произведува 562 КС, а моќноста се пренесува со шестстепен менувач, додека спринтот од нула до „стотка“ го стигнува за околу 3 секунди. За разлика од „обичниот“ Gallardo, Squadra Corse е преслечен во карбон, кој лесно се отстранува, истиот материјал е користен и за предниот и задниот браник, крилото, а има и 19-инчни тркала. Кога станува збор за внатрешноста, која е во црно-жолти мотиви, истата е во изобилие од карбон и Алкантара, а со автомобилот пристигнуваат и сите додатоци кои можат да се очекуваат од седумгодишна легална егзотика.