fbpx

Ford ја разреши мистеријата со непознатиот Mustang модел

Неодамна Ford побара помош од автомобилските вљубеници со цел да идентификува еден сопствен модел на спортски прототип, а сега пристигна и одговор

Поголемиот дел автомобилски производители внимателно ја следат својата историја и наследство, a Ford е една од тие компании, која се потпира на легендарните модели како што се Model T, F-1 камионетот, Mustang и GT40. Меѓутоа, дури и еден од најголемите и веројатно најстариот производител на автомобили на светот, има неколку проекти кои останале заборавени со текот на времето, а тука се вбројува и необичниот Mustang со средишно поставениот мотор, кој компанијата неодамна го откри.

Ford се насочи кон интернет заедницата со цел да пронајде одговор за овој мистериозен модел, а тоа на крајот се покажа како мудра одлука, бидејќи сега е познато дека најверојатно станува збор за инженерскиот прототип за Ford Mustang Mach II концептот од 1967 година.

Ford Mustang

Благодарение на автомобилските ентузијасти, еден од архиварите на Ford излезе со релевантни информации. Според Тед Рајан, бренд менаеџрот на архивите и наследството на Ford, фотографијата од „скелетот“ на концептот со средишно поставен мотор, кој беше објавен минатата недела, всушност е „стилски негатив“. Уште од педесеттите години, дизајнерите на Ford ги фотографирале и категоризирале своите проекти, што доведува до 2 мај 1966 година од кога датира фотографијата и серискиот број S-9955-1.

Инженерски прототип на Ford Mustang Mach II концептот

Копајќи уште подлабоко, од порталот Jalopnik дојдоа во контакт со Џим Фарел, стручњак од дизајнерскиот оддел на Ford, кој ја раширил мистериозната фотографија меѓу своите пријатели и колеги. Експертите од американската компанија и поранешните вработени, дошле до консензус дека возилото било дел од Mach II проектот од 1967 година.

Ford

Меѓутоа, ова не дошло од дизајнерскиот департман, а конечниот дизајн на Mach II е значително поинаков во однос на „мистериозното“ возило. Фотографијата која беше објавена минатата недела јасно го покажува делот од „задницата“ на стандарден Mustang со зашилени крила и отвори за стандардна задна сигнална група од три сегменти, додека Mach II е со округли задни светла и без мали вентилациски отвори. Затоа, многу веројатно е ова да претставува всушност инженерски прототип, направен како концепт, пред да биде испратен кај дизајнерите на конечна финализација на стајлингот.

Тоа значи дека крајниот резултат на оваа чудна машина бил атрактивниот Ford Mustang Mach II концептот од 1967 година. Ако по некоја случајност влезеше во сериска верзија, овој V8 модел ќе ја збогатеше понудата на спортски автомобили на Ford и ќе се натпреваруваше со поскапите Porsche 914 и Corvette. За жал, Ford го запре евентуалното производство на моделот со средишно позициониран мотор, се додека не се појави GT 2005.

Поврзани вести

Back to top button