fbpx

Toyota ја најави официјалната премиера за Harrier во јуни

Toyota ги објави првите официјални фотографии од новата генерација на моделот Harrier и ја закажа премиерата за ова SUV возило за месец јуни

Според претходните неофицијални информации, Toyota Harrier (2021) во суштина претставува преименувана и незначително модифицирана верзија на четвртата генерација Lexus RS. Сепак, според официјалните детали, тоа не е точно бидејќи нивиот RX е базиран на Toyota K платформата, додека Harrier ќе биде поставен на TNGA-K архитектурата.

Последната поголема ревизија моделот Harrier ја имаше пред шест години, а тоа значи дека новата генерација е на прагот. Toyota потврди дека лансирањето на новајлијата за 2021 година ќе биде објавено во јуни за јапонскиот пазар. Кога станува збор за погонот, новиот Harrier ќе биде достапен во две верзии. Тука е хибридниот модел, кој користи 2,5-литарски четирицилиндерски мотор со директно вбризгувае на горивото, со асистенција на еден или два електромотори, во зависност од поставката. Верзијата со преден погон испорачува 218 КС, додека верзијата со погон на сите четири тркала е нешто помоќна и има 222 КС, а моќноста се пренесува преку CVT трансмисија.

Toyota Harrier

Тука исто така е и бензински напојуваниот модел, кој под хаубата поседува 2,0-литарски агрегат. Максималната моќност на оваа верзија е 171 КС со 207 Nm максимален вртежен момент и исто така доаѓа во комбинација со CVT менувач. И хибридниот и конвенционалниот модел се достапни со преден, односно погон на сите четири тркала.

Toyota Harrier

Новиот Harrier исто така пристигнува со изобилие на нови безбедносни и системи за асистенција на возачот, вклучително и Toyota Safety Sense семејството на напредни технологии. Тоа вклучува безбедносен систем за превенција на судир со детекција на пешаци и преку ден и навечер, како и велосипедисти. Toyota со гордост истакнува дека Harrier за 2021 година ќе биде првиот модел на марката кој ќе поседува дигитален кабински ретровизор.

Јапонскиот производител ветува дека својот нов SUV ќе го лансира во Јапонија во текот на јуни.

Поврзани вести

Back to top button