fbpx

Hennessey Venom F5 пристигнува на лето, објавен и првичниот рендер

Компанијата Hennessey соопшти дека својот хиперавтомобил Venom F5 ќе го претстави ова лето, а објави и ран рендер кој го открива првичниот дизајн

Hennessey уште во 2014 година го најави хиперавтомобилот Venom F5 за кој се говореше дека ќе има максимална брзина од вртоглави 467 километри на час, но сепак, повеќе од пет години подоцна, уште не е произведен ниту еден од 24 примероци на колку што овој автомобил ќе биде ограничен. Но, и покрај тоа, познати се голем број информации за моделот кој ќе биде конкурент на Koenigsegg и Bugatti. Најновата гласи дека Hennessey преку својот официјален Facebook профил најави дека ќе го претстави својот прв произведен автомобил во текот на ова лето.

Заедно со информацијата, од компанијата објавија и ран рендер од Venom F5 кој е стар неколку години, а во однос на актуелниот жолт модел, разликите не се револуционерни. Сепак, промени има, а особено во долниот дел од предниот бреник и во дизајнот на предните светла.

Онаму каде што се направени најголемите промени кои привлекуваат најмногу внимание е брзината на престојниот Venom F5. Имено, од првичните 467 km/h, хиперавтомобилот на Hennessey се очекува да достигнува брзина од фрапантни 501 километар на час! Venom F5 ќе се напојува со 6,6-литарски twin-turbo V8 мотор кој ќе развива 1.817 КС и 1.617 Nm вртежен момент. Цената на Hennessey Venom F5 ќе изнесува 1,6 милиони долари.

Поврзани вести

Back to top button