fbpx

Од Bugatti објаснија зошто Chiron Pur Sport развива „само“ 351 на час

Chiron Pur Sport развива „само“ 351 километар на час, но во Bugatti велат дека овој модел подобро се снаоѓа од стандардниот Chiron кој стигнува до 420 km/h

Ултраспортскиот модел на Bugatti, Chiron, веќе се докажа како достоен наследник на претходниот модел Veyron кој долго време беше единствениот автомобил кој може да развие повеќе од 400 километри на час, а може да се купи и притоа да се користи на јавните патишта.

И додека стандардниот Chiron без проблеми може да достигне максимална брзина од 420 километри на час, во Bugatti во меѓувреме ја претставија и верзијата Chiron Pur Sport чија максимална брзина изнесува „само“ 351 километар на час, но првиот човек на развојниот оддел Стефан Елрот тврди дека нешто побавниот Chiron сепак значително повеќе ќе им се допадне на љубителите на кружните патеки и патишта со голем број свиоци.

И Chiron Pur Sport се напојува со истиот централно сместен 8,0-литарски мотор со 16 цилиндри на кој му асистираат четири турбополначи кои заедно испорачуваат 1.500 КС и 1.600 Nm, но во Bugatti ги рекалибрираа елементите на системот за потпирање, ја намалија вкупната маса, ја прилагодија аеродинамиката на каросеријата и вградија менувач со скратени преносни односи, па Pur Sport дефинитивно не спаѓа во групата на Bugatti возила кои можат да се пофалат со највисока брзина, но не и особено доброто снаоѓање во кривините.

Од Bugatti тврдат дека во комбинација со помалата маса, сменетата аеродинамика и скратените преносни односи на менувачот, Chiron Pur Sport е значително подобар од стандардниот Chiron кога станува збор за управливоста и снаодливоста во кривините. „Се откажавме од највисоката брзина, но добивме значително подобра управливост и уште подобро забрзување, што би требало да биде доволно прифатливо за некои нови купувачи кои претходно не размислуваа за нашите автомобили“, изјави Елрот.

Поврзани вести

Back to top button