Електромобилите на Honda ќе се полнат побрзо од паметен телефон
Моделите на Honda ќе имаат револуционерна батерија. Во моментов се развива батерија за многу брзо полнење
Се очекува новината да биде вградена во електричните модели на брендот од 2022 година.
Деталите за новата технологија сосема очекуванио се чуваат во тајност, но веќе е познато дека ќе бидат потребни само 15 минути полнење за новите електрични возила на Honda за автономија од 240 километруи. Денес, дури и со користење на брз полнач во специјална станица за полнење, потребно е двојно повеќе време.
Honda Urban EV
Во моментов, јапонската компанија ја користи својата Panasonic батерија во своите хибридни модели, но избра нов партнер за развој на својот нов тип на батерија. Тоа би требало да биде Toshiba, чии претставници неодамна рекоа дека создале батерија која ќе се полни со неверојатна брзина.
Од Honda неодамна изјавија дека во 2019 година на пазарот во Европа ќе биде пуштен нов електромобил на брендот, кој ќе е сериска варијанта на концептниот градски автомобил Honda Urban EV, прикажан овој септември на салонот во Франкфурт.