fbpx

Volvo претстави нов електричен автобус

Volvo Buses воведува нова верзија на електричниот автобус на компанијата - 7900 Electric, кој сега добива поголем капацитет на батериите кои обезбедуваат поголема автономија.

Volvo Buses воведува нова верзија на електричниот автобус на компанијата – 7900 Electric, кој сега добива поголем капацитет на батериите кои обезбедуваат поголема автономија. Опциите за капацитет на батеријата се три: 150, 200 и 250 kWh, а најновата верзија обезбедува километража со едно полнење од околу 200 километри.

7900 Electric

Има две можности за полнење, со класичниот plug-in-метод и со конектори на покривот на автобусот. Volvo 7900 Electric е градски автобус од 12 метри, низок под и три врати, кој користи 80% помалку енергија од дизел-автобусите од истата класа.
Volvo Buses објави дека побарувачката за електрични автобуси во Европа постепено се зголемува, а се повеќе и повеќе градови се движат кон јавен превоз што не испушта штетни гасови.

Поврзани вести

Back to top button