Chevrolet Corvette C8 догодина пристигнува во Европа
Легендарниот американски спортски автомобил ќе биде достапен за купувачите и во Европа и тоа веќе од 2021 година
Chevrolet Corvette C8 дефинитивно ќе пристигне на Стариот континент. Впрочем, и беше реално европските купувачи да добијат шанса и можност да го купат овој модел, со оглед на тоа дека Chevrolet веќе го нуди моделот Camaro и од оваа страна на Атлантикот.
Corvette C8 користи атмосферски 6,2-литарски V8 агрегат кој развива 492 КС и 637 Nm, што е доволно за спринтот од нула до „стотка“ да се достигне за само 3 секунди. Максималната брзина на автомобилот изнесува 312 километри на час. Од Chevrolet најавија дека во Европа ќе биде достапна верзијата само со осумстепен автоматски менувач.
Сепак, основниот модел за купувачите во Европа ќе биде подобро опремен од она што го добиваат американските купувачи. Како стандардна опрема за почетниот пакет се наведува Bose Hi-Fi аудио систем, head-up екран пред возачот, задна камера, потоа седишта со вентилација и греење, како и уред за навигација.
Американскиот производител соопшти дека првите примероци од овој автомобил во Европа ќе пристигнат во втората половина од следната година. Освен купе варијантите на Chevrolet Corvette C8 ќе се најде и кабрио верзијата, а почетната цена за овој модел во Велика Британија ќе биде 97.500 евра. Стандардниот купе модел ќе се продава по цена од 91.000 евра за почетната варијанта.
Се очекува наведените цени за Велика Британија да не се разликуваат многу во однос на оние кои ќе важат во остатокот од Европа.