fbpx

NEVS го лансира Sango автономното возило како дел од PONS

National Electric Vehicle Sweden, или скратено NEVS ја претстави својата нова визија за електрична автономна мобилност наречена PONS

PONS ја означува првата генерација на NEVS автономните возила со конектиран кориснички интерфејс, за кој компанијата верува дека може да стане решение за мобилност за паметните и одржливи градови. Според NEVS, кој е во сопственост на Evegrande Group од Кина, во моментов постојат 1,3 милијарди автомобили во светот, но тие се користат само пет проценти од времето. Компанијата верува дека автомобилите треба да се користат поефикасно, а еден од начините да се направи тоа е преку широкото прифаќање на автономните возила.

„Стигнувањето од точка А до точка Б со самовозачки електричен автомобил не делува така далеку како што автомобилската индустрија имплицира. Ерата на еден човек по автомобил и ерата на поседување автомобил, наскоро ќе биде минато. Нова ера пристигнува, каде што автомобилите ќе бидат прилагодени за градска мобилност и подобар квалитет на животот за индивидуалците“, вели Ана Хаупт, потпретседател во NEVS.

Во центарот на PONS екосистемот на NEVS се наоѓа Sango самовозачкото возило, кое е подготвено да биде интегрирано со било каков самовозачки софтверски систем кој е достапен. За лансирањето во Шведска, NEVS потпиша партнерство со AutoX, водечка компанија за L4 технологија за автономно возење базирана во Силиконската Долина во Калифорнија, како и Шенжен, кој ќе го снабдува Sango со својот AI Driver.

Sango наскоро на улиците на Стокхолм

За да биде адекватен за споделувачко и заедничко користење, Sango содржи флексибилен ентериер кој пресретнува различни потреби при патувањата со три поставувања – private, social и family. Зависно од избраното поставување, во возилото можат да патуваат до шест лица.

Sango има шест подвижни седишта поставени во три реда и е опремен со ѕидови за приватност кои можат да се подигнат и да се спуштат. Кога се подигнати, кабината е поделена на четири помали простори за приватни патувања за до четири лица. Social поставката ги спушта разделувачките ѕидови со цел да им овозможи на четирите лица да патуваат заедно свртени едни кон други. Вo Family поставката, до шест лица можат да седат распоредени во три реда и можат комфорно да патуваат заедно.

NEVS

Покрај Sango возилото, PONS системот за мобилност исто така вклучува и кориснички интерфејс во вид на апликација и систем за менаџирање на флотата за да се следи и оптимизира флотата на возила кои „оперираат“ низ градот. Следниот чекор за Sango самовозачкото возило е пилот програма во Стокхолм каде што флота на околу 10 „роботски таксиња“ ќе се користат во јавноста. Првиот Sango прототип во моментов е тестиран во близина на седиштето на NEVS во Тролхатан, заедно со тестовите за функционалност на PONS мобилниот екосистем.

Поврзани вести

Back to top button