Sony продолжува со развојот на концептниот автомобил Vision-S
Јапонскиот корпорациски гигант Sony ги изненади сите на годинешното издание на CES со дебито на нивниот концептен автомобил Vision-S
Електричниот концептен автомобил на Sony со напреден автономен систем и два електромотори со моќност од 268 КС, наречен Vision-S, привлече огромно внимание на CES. Првично се мислеше дека јапонската компанија ги тестира своите можности за влез во автомобилската индустрија, но од раководството подоцна потврдија дека Sony нема да биде производител на автомобили.
Сепак, сега добиваме помешани сигнали. Имено, Sony потврди дека Vision-S е вратен назад во Јапонија каде што компанијата ќе продолжи со унапредувањата на неговите „чувствителни и аудио технологии“. Најинтересниот дел од соопштението е тоа што концептот ќе започне со тестирање на јавните патишта пред крајот на тековната година.
„Vision-S прототипот пристигна во Токио со цел да се унапредат чувствителните и аудио технологии. Прототипот исто така во моментов е во процес на развој за тестирање на јавните патишта оваа година“, велат од Sony.
Како потсетување, Vision-S беше развиен од страна на Sony во соработка со гиганти како Nvidia, Continental, Bosch, ZF и Qualcomm. Целта на целосно електричниот седан беше да покаже што Sony може да и понуди на автомобилската индустрија, вклучително и нивниот напреден самовозачки систем кој има 33 сензори.
Но, не станува збор за статичен прототип. Во видеото кое Sony го објави заедно со соопштението го прикажува Vision-S во движење, а од јапонската компанија тврдат дека автомобилот може да достигне од 0 до 100 километри на час за само 4,8 секунди.