fbpx

EICMA 2017: Пакет новини од Bridgestone

Bridgestone, најголемиот производител на гуми и гумени производи во светот, се претстави во блескаво издание на EICMA во Милано, со импресивно претставување на последните иновации

Bridgestone ги привлече сопствениците на сите видови моторцикли, бидејки претстави дури пет нови модели на гуми Battlax за сегментите Touring, Adventure, Scooter и Racing. Овие нови производи пристигнуваат директно од програмата за развој на Bridgestone и се карактеризираат со најнова технологија.
Bridgestone
Battlax Racing R11: Со чудесната комбинација од нови конструктивни карактеристики, R11 дава на supersport и hypersport мотоциклистите дополнителна адхезија и чувство на контакт со подлогата, кои тие треба да имаат за да се намали времето на триење. Со новата наизменична моно-спирална зона, поставена во предната гума, дополнителниот GP појас на задната гума и заштитник, дизајнирани за максимална кохезија во свиоци, R11 влегува во нова ера за тркачки гуми. Battlax Sport Touring T31: Покрај подобрувањето на стабилноста и ефикасноста, Bridgestone разви нови предни гуми T31 со поголема флексибилност. Обезбедувањето на поголема влечна сила, се должи на поголемата зона на адхезија со патот во сите агли во свиоците. Battlax Adventure A41: Кај новината е подобрена тракцијата и контролата на мокра подлога. Пакетот вклучува трислојна композитна технологија во предниот и задниот дел, со конфигурација за заштита и база која ја подобрува стабилноста во свиоци. Battlax Scooter SC2: Моделот е дизајниран за оптимална сила, површински контакт и зафат. Позади – конфигурацијата со трислојна композицја, го нуди најдоброто од двата света – високо прилепување во свиоците и отпорност на абење во центарот на шарата за максималниот досег.

Поврзани вести

Back to top button