fbpx

Volkswagen започна со производството на ID.4

Електричниот Volkswagen ID.4 се уште не е официјално претставен пред јавноста, но неговото производство веќе започна во фабриката во Цвикау, Германија

Премиерата на Volkswagen ID.4 се очекува во следните недели, но германскиот производител не чека и веќе започна со производството во специјализираната фабрика во германскиот град Цвикау, каде што фабриката од следната година ќе има капацитет од 300.000 возила.

https://youtu.be/TaJCdyCacgk

ID.4 е вториот по ред член на Volkswagen ID семејството на електрични автомобили и воедно второ возило на VW групацијата кое ќе биде поставено на MEB платформата. Почетокот на производството на новиот модел го надгледуваше Ралф Брандштетер, шефот на Volkswagen, а и покрај пандемијата на коронавирусот, плановите во врска со ID.4 не се подложни на промени.

VW групацијата има за цел да стане светски лидер во производството на електрични автомобили, со инвестиции кои до 2024 година ќе достигнат сума од 33 милијарди евра.Германската компанија потроши 1,2 милијарди евра со цел да ја направи трансформацијата на фабриката во Цвикау и да ја подготви за монтирање на електрични возила. Но, ID.4 нема да се произведува само во Германија, туку и во Кина и САД, а и во овие држави започнаа процесите за подготовка на фабриките за склопување на новиот електричен SUV.

Volkswagen засега е таинствен со информациите во врска со вториот член на ID семејството. Она што е познато е дека во почетокот ќе биде достапен само со погон на задните тркала, како и дека ќе нуди максимална автономија од 500 километри според WLTP.

Поврзани вести

Back to top button