fbpx

Ares Design го претстави S Project базиран на C8 Corvette

Италијанскиот производител на каросерии Ares Design го претстави својот најсмел автомобил досега кој е познат како S Project и е базиран на C8 Corvette

Најзабележителниот момент на S Project на Ares Design е неговиот несекојдневен дизајн. Не само што нема ништо заедничко со Chevrolet C8 Corvette, автомобилот на кој е базиран, туку не изгледа како ништо друго што можете да го видите на патиштата. Всушност, повеќе делува како некој концептен автомобил отколку продукциско возило.

Предниот дел е поставен мошне ниско и има масивни лакови над тркалата. Кабината исто така е ниска компактна, додека задниот дел е продолжен. Ares S Project има единечна LED лента на задниот дел и има сличност со Bugatti Chiron.

Иако во Ares Design можеа да застанат со преправките на екстериерот, тие продолжија и со остатокот од карактеристиките на C8 Corvette. Така, дизајнерскиот шеф на компанијата, Дени Бахар, откри дека 6,2-литарскиот V8 е унапреден да испорачува 705 КС и 969 Nm максимален вртежен момент. Моторот достигнува до 9.000 вртежи во минута и е во комбинација со осумстепен автоматски менувач со двојна спојка и погон на задните тркала.

Зборувајќи општо за автомобилот, Бахар истакнува дека S Project е дизајниран да биде забавен автомобил за возење.

S Project

„Направивме истражување на пазарот и сите сакаат да бидат најбрзи, најлесни, најгласни… Ние сакавме едноставен автомобил за возење, автомобил кој е забавен. Голем број од клиентите со кои разговаравме се исплашени да возат LaFerrari, Nio EP9 и Koenigsegg бидејќи се многу моќни и возењето на овие автомобили повеќе не е задоволство“, вели тој.

Ares Design планира да произведе 24 примероци од S Project во следните две години, а цената изнесува околу 500.000 евра.

Поврзани вести

Back to top button