Lamborghini Urus: режим снег
Lamborghini потврди официјално дека SUV изведбта Urus, ќе располага со адаптибилен систем на однесување на патот, која ќе му понуди на возачот избор меѓу различни поставувања
Пред помалку од една недела, Lamborghini потврди официјално, со помош на видео дека целосно новиот модел на марката, SUV изведбта Urus, ќе располага со адаптибилен систем на однесување на патот, која ќе му понуди на возачот избор меѓу различни поставувања. По пласирањето на детали од испитувањата, кои Lamborghini Urus ги имаше на песок и високи температури, со видеото на 9 ноември, сега на ред се елементи од тестирањата под екстремни зимски услови.
Именуван од креаторите како SSUV (Super Sports Utility Vehicle), моделот Urus ќе располага со технологијата ANIMA (Adaptive Network Intelligence Management) на Lamborghini, која ветува врвно однесување на патот во различни режими и услови. Во пакет со новината која на светот ќе му биде презентирана официјално на 4 декември има шест основни режими – Strada, Sport, Corsa, Sabbia, Terra и Neve.