fbpx

Сопствениците на Volvo ќе прават летачки автомобили

Кинескиот производител на автомобили Geely, кој со години е сопственик на Volvo се стекна со капиталот на американската компанија Terrafugia

Кинескиот производител на автомобили Geely, кој со години е сопственик на Volvo се стекна со капиталот на американската компанија Terrafugia, која до 2019 година најави дека ќе го лансира на пазарот првиот летечки автомобил во светот.

Првите гласини околу зделката се појавија уште во текот на летото, а дури оваа недела во Geely потврдија дека навистина се на пат да ја купат Terrafugia (сумата не се споменува).

Terrafugia„Тимот на Terrafugia со години верува во идејата за летечки автомобил и работи на нивниот развој, со што сака да создаде совршено решение за приватна мобилност“, потенцира претседателот на Управниот одбор на кинеската компанија Ли Шуфу. И додека многумина експерти во индустријата изразуваат изненадувањето од трансакцијата, Шуфу објаснува дека гледа во креирањето летечки автомобили како во неверојатно возбудлив сектор, кој додава: „Terrafugia се наоѓа во идеална позиција да го промени нашето разбирање за мобилноста таква каква што ја познаваме денес и на тој начин да го отвори патот за развој на целосно нова индустрија.”

Летачкиот автомобил Terrafugia Transition се појави за прв пат во форма на прототип во 2009 година. Оттогаш, иако бавниот почетен напредок, во јуни 2016 проектот сепак беше одобрен од Американските воздухопловни власти. Според документите, возилото може да биде регистриран како „лесно спортско леталото”, кој може да биде управуван од пилоти со спортска лиценца, а истата може да се добие веќе на 16 години по остварени најмалку 20 летања.

Terrafugia

Дури и ако се покаже дека е релативно лесно да се земе дозвола за управување со Transition, купувањето на летачкиот автомобил нема да биде воопшто лесно, бидејќи неговата цена ќе биде доста висока. Terrafugia најави цена од 300.000 до 400.000 долари, сума која е споредлива со цената на сосема ново Ferrari 812 Superfast, што располага со моќност речиси 800 КС и максимална брзина од 340 km/h.

Terrafugia

Од Terrafugia ветуваат максимална километража од 645 km при брзина од 160 km/h и максимална височина на летот од 3.000 метри. За копнените динамички карактеристики на автомобилот се знае малку, но од компанијата ветуваат магистрални брзини. Првичната идеја е Transition да полетува и слетува од писта, но креаторите имаат идеја во подоцнежна фаза да вклучат систем за вертикално полетување и слетување. Од сега натаму се чини дека сè зависи од Кинезите?!

Поврзани вести

Back to top button