fbpx

Fiat ќе ја замени Linea cо Cronos

Италијанската компанија Fiat го објави претстојното лансирање на компактниот седан Cronos објавувајќи ја првата официјална слика на моделот

Продажбата на автомобили започнува во почетокот на 2018 година, првично достапна само во Јужна Америка.

CronosСе очекува дека Cronos, кој ќе ја замени Linea седан произведен во 2007-2015, ќе ја користи хечбек– платформата Арго, претставена претходно оваа година. Ова значи дека новиот модел ќе ги добие истите мотори и опрема. Основната верзија ќе се потпира на 3- цилиндeрски турбополнач со волумен од 1.0 литри со моќност од 77 КС. Потоа следи 1.3- литарски 4- цилиндерски мотор со 110 КС. Менувачите се: рачен менувач со 5 брзини и автоматски менувач со ист број на брзини.

Верзијата од врвот ќе има 1.8- литарски мотор од 140 КС во комбинација со 6- брзински автоматски менувач. Забрзувањето од 0 до 100 km / h во оваа модификација трае 9 секунди, а максималната брзина е 190 km / h.

Cronos

Поврзани вести

Back to top button