fbpx

Официјално пристигна Hyundai i20 N

По претходните најави и тизери, конечно и официјално пристигна Hyundai i20 N кој е инспириран од i20 Coupe WRC автомобилот

За напојувањето на Hyundai i20 N е задолжен 1,6-литарскиот турбо GDi мотор кој доаѓа во комбинација со шестстепен мануелен менувач. Моторот испорачува 201 КС и 275 Nm максимален вртежен момент. Hyundai i20 N тежи само 1.190 килограми, исто како и i20 Coupe WRC рели автомобилот. Спринтот до „стотка“ за 6,7 секунди, а максималната брзина изнесува 230 километри на час.

Од Hyundai велат дека моторот на i20 N испорачува максимален вртежен момент при 1.750 и 4.500 вртежи во минута. Од друга страна, максималната моќност се достигнува меѓу 5.500 и 6.000 вртежи во минута. Ова на хот хечот му овозможува импресивно забрзување низ средниот и високобрзинскиот опсег. Овој мотор за i20 N вклучува и специјален турбо полнач и интеркулер систем. Hyundai овој мотор го опреми и со својата CVVD технологија.

Hyundai i20 N

Како што може да се претпостави, моќноста се испраќа преку предните тркала и купувачите можат да го опремат со N Corner Carving Differential за контролирање на трансферот на моќта на предните тркала. Launch Control системот исто така пристигнува како стандард.

Исто како и во ситуацијата со i30 N, голем број на возачки режими се достапни. Ова вклучува Normal, Eco, Sport, N и N Custom. Во N Custom режимот, возачот може да избере од Normal, Eco, Sport и Sport+ поставките за цел еден сет на различни компоненти.

За да се осигура дека i20 N е одличен за возење во свиоците, Hyundai ја засили шасијата на 12 различни точки. Системот за потпирање исто така добива засилување, како и сопирачките кои се зголемени.

Сите Hyundai i20 N модели пристигнуваат со SmartSense Advanced Drivers Assistancce системи. Ова вклучува предупредување за преден судир, асистенција за избегнување на преден судир, предупредување за напуштање на коловозната лента, асистент за одржување на лентата, предупредување за судир во слепа точка, асистент за интелигентно лимитирање на брзината и многу други. Хот хечот на Hyundai исто така вклучува и Performance Driving Data System кој ги зачувува и прикажува возачките информации со цел унапредување на возачките вештини на патеката.

Купувачите ќе можат да го добијат i20 N во шест бои на екстериерот. Тоа се: Performance Blue, Intense Blue, Polar White, Sleek Silver, Brass и Phantom Black. Сите можат да пристигнат со Phantom Black покрив. Меѓу останатите главни карактеристики на екстериерот се и црвените акценти, агресивната нова предница, специјалните 18-инчни тркала со мат сив финиш и заден спојлер.

Hyundai i20 N ќе биде достапен во Европа од пролетта 2021 година.

Поврзани вести

Back to top button