fbpx

Tesla ќе „умре“ за две години?!

Поранешниот потпретседател на GM, Боб Луц, познат по неговите бомбастични и премногу често чудни тврдења, за што е мошне “посакуван“ од медиумите во САД, тврди дека Tesla можеби нема да ja дочека 2019 година

Откако на почетокот на месецот поранешниот потпретседател на General Motors, Боб Луц, изјави дека автомобилите во сегашната форма ќе бидат забранети со закон во наредните 15 години, сега повторно ги разбранува духовите со едно свое „интересно обраќање“. Овој пат поранешниот топ менаџер изјави дека компанијата на Илон Маск, Tesla, нема да „преживее“ до 2019 година. Според Боб Луц, не постои „тајна состојка” во американскиот производител на електрични возила. Таа користи исти јон-литиумски батерии, кои се вградуваат и во останатите електрични возила и нема ништо „специјално“ што нема и конкуренцијата.
Луц
Ова сепак не е моментот што ќе ја „фрли на колена“ компанијата, Луц се осврнува на финансиската состојба на Tesla, што според него е мошне незавидна. За ова засега нема никакви коментари, да потсетиме дека поранешниот потпретседател на General Motors неколкупати ја критикуваше американската компанија Tesla, а пред време ја спореди со секта и рече дека Маск зборува само за своите фантазии и една утописка иднина. Тогаш Луц даде пример со Хенри Форд, кој имал профит уште од првиот продаден автомобил, бидејки Форд продавал железо и труд, а не воздух, како Маск.

Поврзани вести

Back to top button