Lamborghini го откри нови детали за серискиот Urus
Lamborghini објави видео посветено на Urus. Тоа ја демонстрира работата на режимот Corsa и детали за внатрешноста на моделот
Видеото ја демонстрира работата на режимот Corsa и детали за внатрешноста на моделот. При тоа на екранот на мултимедијалната систем може да се види и како изгледа возилото без камуфлажа.
Во видеото се прикажани и звучниците на аудио системот Bang & Olufsen, селекторот на менувачот и централната конзола која во голема мера потсетува на онаа на новиот предводник на Audi – A8.
За Urus се предвидени 6 режими на работа на електрониката: Strada (пат), Sport (спорт), Corsa (тркачки) Sabbai (песок), Terra (чакал) и Neve (снег). Последните три досега не биле понудени во ниеден автомобил на Lamborghini. Се уште нема детални информации за моторот. Се очекува да добие 4,0-литарски V8 мотор со моќност од околу 650 КС. Исто така, ќе има верзија на хибридна погонска единица. Светската премиера на Lamborghini Urus ќе се одржи на посебно манифестација на 4 декември во Сант’Агата Болонезе.