fbpx

Освежениот Audi SQ2 со нов стајлинг и нова технологија

Audi го освежи стајлингот и додаде нова технологија во SQ2 кросоверот кој треба да пристигне до купувачите на почетокот од 2021 година

Кросоверот на Audi, моделот SQ2, пристигнува со променет дизајн на надворешноста, а германскиот производител додаде и нова технологија во автомобилот за 2021 моделската година. Цената ќе почнува од 45.700 евра во Германија.

Под хаубата нема промени, 2.0 TFSI моторот останува како и претходно и испорачува 300 КС и 400 Nm максимален вртежен момент со помош на стандардниот седумстепен S Tronic менувач и Quattro погон на сите четири тркала. Со оваа поставка, на Audi SQ2 потребни му се само 4,9 секунди за да достигне до „стотка“, а максималната брзина е 250 километри на час.

Кога станува збор за промените, октагоналната Singleframe решетка сега е поставена пониско. LED фаровите пристигнуваат како стандардни, а Audi нуди и Matrix LED единици како опција. SQ2 исто така пристигнува и со LED светла на задниот дел, заедно со динамични индикатори за насока во повисоките нивоа на опременост. Освежениот кросовер добива и алуминиумски куќишта за ретровизорите, спојлер на покривот и нови прагови, меѓу другото.

Кога станува збор за ентериерот, освежениот Audi SQ2 пристигнува со автоматски клима-уред како стандарден, заедно со спортски мултифункционален управувач и спортски седишта. Кога станува збор за инфозабавната технологија, опсегот се проширува со Audi виртуелниот кокпит. Исто така, тука е и MMI навигацискиот пакет.

Доколку купувачите се одлучат за најврвниот инфозабавен систем, тогаш ќе добијат Audi Connect сервиси со LTE и Wi-Fi „хотспот“, додека Audi интерфејсот за паметни телефони, Audi кутијата за телефони и Bang & Olufsen аудио системот се достапни исто така.

Кога станува збор за безбедноста, SQ2 не само што го добива системот за предна безбедност на Audi како стандарден, туку исто така и асистенција за адаптивниот темпомат, што е нов додаток во опционалната опрема. Асистенцијата за адаптивниот темпомат му овозможува на возачот да ја препушти контролата на автомобилот кога станува збор за забрзувањето, намалувањето на брзината и управувањето во коловозната лента.

Поврзани вести

Back to top button