Lamborghini го претстави единечниот и уникатен SC20
Уникатниот и единечен примерок на SC20 е најновиот проект на Lamborghini Squadra Corse направен за неименуван среќен купувач
Специјално дизајнираниот „роудстер“ Lamborghini SC20 е најновиот проект кој излегува од Squadra Corse одделот. Станува збор за уникатен и единечен производ кој е направен специјално за неименуван купувач, а е креиран во Lamborghini Centro Stile. Целиот автомобил е правен по точните спецификации на купувачот кој бил вклучен во проектот уште од самиот старт.
Иако е дизајниран како „хард-кор“ возило за тркачките патеки со отворен покрив, новиот Lamborghini SC20 исто така има дозвола и за возење на патиштата. Напојувањето пристигнува од 6,5-литарскиот V12 мотор кој испорачува 770КС при 8.500 вртежи во минута и 720 Nm максимален вртежен момент при 6.750 вртежи во минута. Моќноста се испраќа на сите четири тркала (20-инчи напред, 21-инчи позади) користејќи оптимизиран седумстепен ISR менувач и централен електронски диференцијал.
Карбонската каросерија на SC20 е рачно намалена за да се достигне оптималниот проток на воздух, што резултира со удобно возење на отворено дури и при големи брзини, а не треба да се споменуваат и одличните аеродинамички перформанси.
Инспириран од четири различни модели
„Две години по SC18 Alston, SC20 претставуваше нов, интригантен предизвик. Главните извори на инспирација беа Diablo VT Roadster, Aventador J, Veneno Roadster и Concept S, а резултатот е драматична комбинација на креативност и тркачки однос“, вели дизајнерскиот шеф на Lamborghini Centro Stile, Митја Боркет.
Нагласениот преден сплитер се одликува со две перки, отворите за воздух на хаубата се инспирирани од оние на Huracan GT3 EVO, додека скулптурните страни на каросеријата потсетуваат на Essenza SCV12. Задниот дел пристигнува со голем карбонски спојлер кој може да се подеси во три различни позиции.
Екстериерот се одликува со Bianco Fu база, со контрастна Blu Cepheus „униформа“. Сличен концепт на бои може да се најде во внатрешноста, каде се наоѓаат Nero Cosmus и Bianco Leda површините. Меѓу останатите карактеристики во внатрешноста се забележливи карбонската прекривка за контролниот панел, панелите на вратите, централната конзола и тримот за управувачот, како додаток на самиот монокок. Lamborghini исто така користеше карбон за школките на седиштата, кои се прекриени со Алкантара и кожа.