fbpx

Volkswagen подготвува сосема нов хибриден систем за Golf

Volkswagen ќе го прошири хибридниот опсег на својот најпопуларен модел - Golf, со додавање на две нови модификации - MHEV и MHEV Plus

Тимот на британското издание Autocar ги тестираше прототиповите опремени со нови технологии и ги открива впечатоците.

GolfMHEV е кратенка од Мild Хybrid Еlectric Vehicles. Ова е поприфатливата хибрид верзија која наскоро ќе ја видиме во Golf, со користење на стандарден мотор со внатрешно согорување – во овој случај 1.5 TSI, дополнителен стартер-генератор со појас и 48-волтна литиум-јонска батерија. Стартер-генераторот помага во забрзувањето и во регенерација на енергијата при сопирање. Оваа верзија ќе биде достапна на пазарот во 2019 година. Пософистицираната варијанта – Volkswagen Golf MHEV Plus, се потпира на дополнителен мотор со моќност од 35 КС што може да се монтира на предните и задните оски. Овој систем овозможува помала потрошувачка на гориво, бидејки обновувањето на енергијата функционира дури и кога моторот е вклучен.

GolfОпшто земено, двете варијанти се првенствено развиени за да заштедат гориво и да ја подобрат возноста, наместо да додаваат енергија. Вториот од двата прототипи е сеуште во рана фаза на развој и се очекува да биде подготвен за следната генерација на моделот. Во моментов, најуспешниот модел на Volkswagen има хибридна верзија – Golf GTE, а и целосна електрична варијанта. Според експертите, Golf MHEV може да стане подостапен како алтернатива за трошоците и единствениот начин да се користат мотори со внатрешно согорување под нови стандарди за животната средина.

Поврзани вести

Back to top button